Извозот со пад од 27,4 отсто во првите пет месеци годинава

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Извозот со пад од 27,4 отсто во првите пет месеци годинава

Извозот на стоки од земјава од јануари до мај годинава бележи пад од 27,4 отсто во однос на тој период лани, а кај увозот е забележан пад од 22,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на извозот во петте месеци изнесува 2.152.517 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.018.955 илјади американски долари. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 866.438 илјади американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата