Во големи проблеми е Јапонија, односно организаторот на Летните Олимписки игри, кои требаше да се одржат ова лето, но се одложени за следното, и тоа од 23 јули до 8 август во Токио.

Претседателот на организацискиот комитет Јошико Мори, потенцираше дека Токио и Јапонија, како и МОК се пред големи предизвици, и тоа колку спортисти ќе можат да дојдат во Токио, потоа дали ќе има гледачи, протоколите за заштита од „Ковид-19“ и уште многу други работи.

Деновиве организацискиот комитет имал и состанок со премиерот на Јапонија Шинзо Абе, на кој станало збор околу развојот на вакцината за коронавирусот. Било споменато дека без вакцина, тешко дека игрите би можеле да се одржат, и тоа дека Јапонија ќе има загуби од 2 до 6 милијарди долари, но дека било подобро и да има загуби и да се одложат игрите и следното лето отколку Јапонија да си натовари поголем проблем со „Ковид-19“.