Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ја почитувале забраната за групирање

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ја почитувале забраната за групирање

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од 5 лица на јавни површини.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата