Давид Тошевски се сели во тимот на Ростов. Рускиот премиерлигаш го купува нашиот млад играч  го „врзува“ со договор до два милиони евра за пет години. Ако на сето ова се додадат и оние скоро милион евра кои Русите ќе ги уплатат на Работнички на име на обештетување за Тошевски тогаш се стигнува до бројката од три милиони.

Секако ова е еден од најголемите, ако не и најголем трансфер на еден наш фудбалер од Првата македонска фудбалска лига.

Тошевски е сериозен потенцијал, треба својот квалитет секако да го покаже и на далеку повисоко ниво, онаму каде што заминува летово,  но ние веруваме дека целата оваа фама која што се дигна околу младиот фудбалер не е без основа и тој навистина ќе ги достигне фудбалските височини кои му ги предвидуваат многумина.

Горенаведените бројки се сериозни, дури и за европска фудбалска сцена, а камоли за македонска, а покрај Тошевски, сериозно профитира и самиот Работнички.

Клубот од „Градски парк“ знаел да одигра како што треба на трансфер пазарот честопати во минатото, а еве тоа се покажа и преку примерот со младиот напаѓач.