Жозе Мурињо се најде во центарот на вниманието. Португалецот секогаш бил оригинален во своите изјави, тоа нема да се промени никогаш.

По завршувањето на првото полувреме меѓу Тотенхем и Евертон голманот Иго Лорис и Хјон Мин Сон влегоа во меѓусебна расправија додека одеа кон соблекувалната, мораа да интервенираат и соиграчите.

За овој момент Мурињо имаше интересна изјава.

„Тоа беше прекрасно. Најверојатно сето ова е резултат на нашиот последен состанок, па ако барате виновник, обвинете ме мене. Јас критички настроен кон моите момци бидејќи тие не беа доволно критични кон себе. Побарав да имаат поголеми меѓусебни барања“, изјави Мурињо.

На крајот двајцата играчи заборавија на расправијата.

 

View this post on Instagram

 

Lloris and Son, all is forgiven! 🤝

A post shared by Sky Sports (@skysports) on

Тотенхем го совлада Евертон со 1-0 во последниот меч од 33. коло во Премиер-лигата.