На Источноевропскиот турнир во Белград, Лина Ѓорческа денеска со 2:0 во сетови и 6:0 и 6:4 во гемови, просто ја “сомле“ Србинката Доротеја Јоксовиќ.

По триумфот, нашата најдобра тенисерка успешно ја стартуваше втората фаза од овој турнир кој се игра на терените на Академијата на Јанко Типсаревиќ.

Во првиот сет Лина немаше никакви проблеми, не и да даде на Србинката шанса да освои барем еден гем, додека во вториот Јоксовиќ пружи каков таков отпор.