Нови цени на горивата: Еуросупер БС-95 поевтинува а екстра лесното масло поскапува

6.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови цени на горивата: Еуросупер БС-95 поевтинува а екстра лесното масло поскапува

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.

Од 07.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,980 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836%, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716% и кај мазутот зголемувањето e во просек за 0,873% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 07.07.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата