Јирген Клоп најверојатно нема да го продолжи својот договор со Ливерпул, по завршување на актуелниот, кој има важност до 2024 година. Иако до оваа година останува уште многу, сепак Германецот нема да се предомисли.

„Кога почнав во Мајнц си реков те чекаат тешки 25 години работа. Годините брзо минаа во Мајнц, Дортмунд и сега во Ливерпул. Кога ќе ми заврши договорот со Ливерпул ќе имам 23,5 сезони зад себе“, вели Клоп, а потоа додадава:

„Немам намера да работам после тоа, тие 25 години се оптимални. Како стојат засега работите нема уште долго време да бидам на клупа“, изјави стратегот за кого Германците се надеваат дека еден ден ќе стане на чело на нивната репрезентација.

Велат дека за кариерата на Клоп голема улога игра неговата сопруга, таа била клучниот фактот за неговото доаѓање во Ливерпул во 2015 година.

Тој сметка дека по завршување на тренерската кариера треба да се посвети на животот надвор од фудбалот.