Алдаир Сапало Амаро Нето (25), ќе остане во Тетово најмалку уште две години. Како што се шпекулира, раководството на тетовци веќе потпишало нов договор со Португалецот на уште две години. Тоа значи дека Шкендија има намера офанзивецот, кој во Шкендија е само шест месеци, и на кого договорот му истече на крајот на минатиот месец, да го држи и во наредниот период.

Јасно е дека Нето поседува квалитет, но тој квалитет во тие 5-6 натпревари од пролетниот дел од минатата сезона, како да не беше доволно искористен, па се очекува во наредната сезона, па и во настапите во фудбалска Европа, Нето да добива поголема минутажа.