Фудбалерите на Барселона на гостински терен ја совладаа Виљареал со 4-1 во дербито на 34. коло во Ла Лига.

Реал на тешкото гостување кај А.Билбао успеа да слави благодарение на голот на Серхио Рамос од пенал, ова беше уште еден меч кој Зинедин Зидан и неговите избраници го добија со погодок од белата точка.

Многумина сметаат дека неколку минути после голот, судијата требало да им додели пенал за домашниот тим, но ВАР не се огласи.

Секако најголема критика за оваа ситуација дојде од Барселона, се огласи и првиот човек на клубот, Жосеп Мариа Бартомеу, кој порача дека не е фер она што го прави ВАР во Шпанија.

„ВАР не е фер за сите клубови во Шпанија, секогаш работи само за еден тим“, порача Бартомеу.