Виљареал требаше да биде најтешкиот противник на Барселона во финишот на сезоната, но излезе како најлесен. Барса триумфираше на гостувањето над својот ривал и тоа лесно и убедливо 1:4, и остана во игра за титулата. Да не беше домашниот голман Асенхо (осум одбрани), разликата ќе беше далеку повисока, со оглед дека Барса имаше многу шанси, а Виљареал и пехови (повреди на Алкасер и Морено).
Барса дојде до водство со автоголот на Торес. Токму Морено донесе израмнување, и беше еден од најдобрите во првиот дел. Меѓутоа до крајот на првото полувреме два убави гола. Најпрво Суарез ја „скина“ пајажината, а потоа Гризман по додавање со петица од Меси, со лоб удар го совлада Асенхо за водство на „Каталонците“ од 1:3 на полувремето.
Во вториот дел од многуте шанси кои ги имаше Барса, Ансу Фати искористи една да ги постави конечните 1:4. Голманот на Виљареал правеше чуда, а еднаш Меси ја погоди и пречката.