Наполи ја продолжи кризата на Рома во финишот од сезоната, и направи огромен чекор кон позициите кои носат во Лигата на Европа.

Тимот од Неапол со 2:1 го совлада тимот од Рим, со головите на Каљехон и на Инсиње. Мхитарјан го постигна голот за Рома со кој дојде до 1:1. Но, прекрасниот гол на Инсиње донесе нови три бода.

Елиф Елмас доби шанса да ги игра последните пет минути од средбата.