Бенфика има план да го ангажира Маурицио Покетино на клупата, иако Аргентинецот и натаму ја чека најповолната понуда да се врати на тренерската работа.

Наводно тимот од Лисабон му испратил понуда, односно му ги кажал условите, и сега Покетино треба да одлучи. Неофицијално, тренерот побарал малку време да размисли, а ова во медиумите беше потенцирано како „тактизирање“ на Покетино, чекајќи да превземе некој поголем клуб.

Но, со оглед дека долго време е без работа, стои опцијата дека би можел да работи во Бенфика. Инаку во последно време се шпекулира и Барселона како можна следна дестинација, со оглед дека стана јасно дека Чави нема да биде замената за Кике Сетиен.