Пишува: Зоран Ѓоршоски

 

Горан Пандев или ГРАНДЕ ПАНДЕВ, уште еднаш по којзнае кој пат покажа дека е МАЈСТОР, дека е ЛЕГЕНДА, дека е ….во моментов не ни текнуваат сите можни епитети со кој ќе го “урамиме“ струмичанецот, Македонецот, за тоа што покажува во Серија А.

Па, добро бе Гоки, до кога? Од каде таа сила, таа волја, таа желба кај себе, кога за 22 дена ќе полниш 37 години, и натаму да им го “вртиш паметот“ на твоите противници во една од најсилните лиги во светот. Вечерва тоа беа играчите на Удинезе, тимот на Нестор, кој излезе од теренот кога Пандев влегуваше за тимот на Џенова.

И дефинитивно јасно е дека Џенова има ЗЛАТО во своите редови, и тоа првите луѓе го знаат, па затоа му понудија и потпишаа нов договор со ГРАНДЕ, знаат добро џеновјаните да го ценат квалитетот, па макар тој доаѓал од играчи кои имаат 37 години, да не кажеме ветерани.

Она што вечерва се случи на “Дачија Арена“ во Удине е посебна приказна. Џенова губеше, и мораше Пандев да ги “вади“ својот тим. Влезе во игра во 59.минута, за малку не се сретнаа со Нестор. Следуваше нов гол на Удинезе за 2:0, и тогаш Пандев кажа – момци доста е. Време за Џенова, време е за ГРАНДЕ да покаже што знае. Потоа се беше како на филмска лента. Гол за 1:2, а потоа и асистенција за 2:2 во последните секунди од мечот. Бод како планина за Џенова, бод во режија и по заслуга само на Пандев.

Со овој гол вечерва ГРАНДЕ дојде до осмиот сезонава и 93-тиот гол во Серија А, недостигаат значи само уште седум да влезе во историјата на Калчото, да влезе меѓу оние НАЈГОЛЕМИТЕ во фудбалска Италија.

И така ќе биде, како игра Македонецот нема да биде проблем да ја скине “СТОТКАТА“ и мирно, како легенда, како виртуоз, како мајстор, како… да замине во пензија следното лето, се надеваме, убедени сме, со настап и на ЕВРО 2021.

БРАВО ГРАНДЕ, БРАВО МАЕСТРО, БРАВО ЛЕГЕНДО, БРАВО МАЈСТОРЕ…