Горан Пандев е спасителот на Џенова. Во 81. минута погоди и намали на 2:1, а потоа со асистенција до свој соиграч, кој изнуди пенал, преку кој Пинамонти од одбиената топка од голманот, израмни на 2:2, и голем бод за Џенова на гостувањето во Удинезе, кај Илија Несторовски.

Инаку Несторовски и Пандев се „разминаа“ на теренот. Несторовски излезе во 58. минута, а Пандев влезе минута подоцна на теренот.

Ова беше 8-ми гол сезоната, и му зема два бода на Несторовски. Сега на ред се Наполи и Елмас.