Горан Пандев во 81. минута беше „џокер“ од клупата за Џенова, и се покажа како вистински, откако постигна гол за 2:1 во дуелот со Удинезе.

После една грешка на одбраната, Пандев од 17-18 метри со десната нога биеше во долниот десен агол од голот на Удинезе, и топката заврши во мрежата.

Тоа е гол за надеж на Џенова дека може да спаси пораз во Удине. Ова беше осми гол за Пандев оваа сезона во Серија „А“.