Данскиот стопер Симон Кјер, би можел да остане во Милан со перманентен договор, откако раководството на „росонерите“ изразило желба да го откупи од Севиља. Кјер настапува како позајмен од шпанскиот тим, но има опција да може да се откупи неговиот договор, што веројатно „росонерите“ ќе ја искористат.

Кјер стигна во Милан во зимскиот преоден рок, и се покажа како добра опција во одбраната.

Опцијата е Милан да плати само 3,5 милиони, но клаузулат мора да биде активирана до 15 јули.