АНКЕТА: Американците тврдат - ЗАЕВ И СДСМ УБЕДЛИВО ГИ ГУБАТ ИЗБОРИТЕ, бројки за секој кандидат

5.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АНКЕТА: Американците тврдат - ЗАЕВ И СДСМ УБЕДЛИВО ГИ ГУБАТ ИЗБОРИТЕ, бројки за секој кандидат

Една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп објави анкета, најголема позната досега со скоро 6.000 испитаници, за парламентарните избори во Македонија.

Анкетата е правена во јуни, минатиот месец, и тоа одделно за секоја изборна единица што ја прави најпрецизна од сите анкети кои дисега се објавени во Македонија.

Ви ги пренесуваме резултатите од анкетата онакви какви шо се изворно. Во 5 од 6-те изборни единици ВМРО ДПМНЕ води и би оствариле убедливи победи пред коалицијата СДСМ-Беса. Крајниот резултат би бил најмалку 8 пратеници или повеќе предност за ВМРО ДПМНЕ и можност Мицкоски да одбира дали ќе прави власт во коалиција со Алијансата на Села или ДУИ на Али Ахмети.

Тоа се резултатите оа американската анкета по изборни единици, а еве ги резултатите генерално според поддршка за партиите

Анкетата на  една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.

Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.

Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата