ЌЕ МОРА ДА ПОЕФТИНАТ: Во Германија се продаваат коли колку што се ПРОДАВАЛЕ ВО 1989 ГОДИНА

5.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ МОРА ДА ПОЕФТИНАТ: Во Германија се продаваат коли колку што се ПРОДАВАЛЕ ВО 1989 ГОДИНА

Продажбата на нови автомобили во Германија падна за 40% во јуни 2020 споредено со јуни 2019, што е најлоша година на ниво од 1989 година.

По уште еден голем пад на продажбата на автомобили, Германија е на пат да се врати на нивото од пред триесет години. Според германското здружение на увозници и продавачи (ВДИК), на најголемиот европски пазар на автомобили во јуни се евидентирани 220.000 новорегистрирани возила.

Врз основа на податоците за продажба во првата половина од годинава, ВДИК проценува дека Германија ја очекува пад од 20 отсто на продажбата на нови автомобили до крајот на 2020 година, односно вкупната продажба се очекува да достигне 2,8 милиони возила оваа година.

Последниот пат кога се продадоа толку малку автомобили беше 1989 година - година на обединување на Германија на крајот на Студената војна.

Но, дури и тоа беше оптимистичка прогноза, рече Зирпел.

„Кумулативниот минус до крајот на јуни е -35%“, рече тој.

„Мора да има многу силно закрепнување во втората половина за да достигне -20% на крајот“.

Од друга страна, се смета дека е позитивно дека е зголемена побарувачката за автомобили на електричен погон.

Во првата половина на 2020 година беа продадени околу 90.000 од овие возила, па се очекува годинава да заврши со раст од 90 отсто во однос на 2019 година, кога станува збор за сегментот на електрични автомобили и хибридни модели.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата