Страв од пораз: СДСМ ВО КАМПАЊАТА ЈА ВКЛУЧИ И ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ!

4.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страв од пораз: СДСМ ВО КАМПАЊАТА ЈА ВКЛУЧИ И ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ!

Владата на СДСМ се чини помеѓу своите најголеми достигнувања пред јавноста го прикажуваше расформирањето на УБК и системот на разузнавање во Македонија, поради наводни злоупотреби во минатото, но факт е дека злоупотребите во системот се случуваат и до ден денес.

УБК иако беше расформирано на негово место беше формирани АНБ (Агенцијата за национална безбедност) како и ОТА ( Оперативно техничката агенција), а злоупотребите со прислушкување како и злоупотребите на агентите на новотo УБК во партиски цели се новата нормалност.

Имено самостоен инспектор на АНБ е забележан на партиски настан на СДСМ и БЕСА во Теарце. Тој не само што е забележан на настанот туку и самиот настан е организиран во неговиот двор, а на настанот присуствуваше и Билал Касами.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев побара од ЈО по допрен глас да отвори истрага за одговорност обвинувајќи дека поранешната УБК, а сега Агенција за национална безбедност ја задржала техничката можност за следење на комуникациите, што според него е прекршување на законите и препораките на Прибе.

Според информациите кои беа објавени во повеќе медиуми, при селекцијата на вработените во АНБ не е земена предвид одлуката на Антикорупциска да не се преземаат брачни двојки, деца и родители и враобтени со други блиску фамилијанрни врски. Наспроти ова, во новата Агенција од УБК, според нашите извори, се преземаат и лица во „љубовна врска“ со моќници кои имаат влијание врз процесот на селекција.

Во новата Агенција ќе работат и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, осудени во предметот „Пуч“ и за кои веќе докажано дека предавање разузнавачки материјали во политичка партија, спротивно на Законот. Покрај ова, тврдат извори од Агенцијата, за безбедноста на македонските граѓани ќе се грижат и разузнавачи кои соработувале со странски служби, учествувале во насилства, се поврзуваат со екстремизам и тероризам.

Покрај партиските и вработувања на лица поврзани со незаконски активности , при процесот на селекција елиминирани се од АНБ, професионалци кои повеќе од 10 години успешно ги извршувале своите работни задачи.

 Infomaks

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата