(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

4.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатен настан – тие виделе орел што грабнал ајкула од океанот, а потоа без никаков проблем летнал со неа.

Видеото, кое се шири на социјалните мрежи, прикажува орел што се спушта на површината на океанот, ја зграпчува ајкулата со канџи и потоа лета преку плажата.

Жената која ја снимила сцената изјави дека ајкулата била голема околу два метра и дека орелот летал со неа без никаков проблем, како да е мала, златна рипка.

Капачите на популарната плажа во Јужна Каролина биле со часови во шок, пренесува порталот Б92.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата