Тиаго Алкантара е пред трансфер во Ливерпул. Искусниот играч од средниот ред би можел да отиде на „Енфилд“, после седм сезони минати во Минхен.

Одличниот шпански фудбалер, ја одбил можноста да остане во Баерн, и посакувал нов предизвик. Тоа го потврди и тренерот Ханс Флик.

„Не можеме да спречиме некој фудбалер да си оди, ако не сака повеќе да игра за нас. Ние имавме сериозен разговор со Алкантара. Ми се чини дека сака нов предизвик, сака да се проба на друго место“, рече Флик.

Веројатно идниот период ќе се реализира овој трансфер, и тоа ќе биде првиот играч на Баерн кој си заминува. Вчера Баерн го промовираше Лерој Сане за нов фудбалер на тимот, а претходно потпиша и со Александер Нибел, екс голманот на Шалке.