Играчите на Реал Мадрид нема да добијат бонуси за освоената титула, која им е на дофат. Фудбалерите прифатија кратење на платите и се откажале од сите бонуси поради пандемијата на коронавирусот.

А, „кралевите“ сега се блиску до освојување на трофејот, но сеедно, бонуси нема да видат. Но, тие се „дебели“, односно пред неколку сезони кога Реал ја освоил титулата и Лигата на шампионите, секој играч добил бонус по нешто повеќе од 1 милион евра.

Сепак, сигурно е дека ќе нема жалби, со оглед дека тоа било договорено претходно.