Фудбалерите од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш и Пол Погба, по еден меѓусебен дуел на последниот тренинг, доживеале повреди, по што и двајцата може да го пропуштат дуелот со Борнмут викендов, кој е важен за „црвените ѓаволи“ во битката за место кое носи во ЛШ.

Ова во пишува „Мирор“ кој тврди дека Фернандеш настрадал повеќе од дуелот. Манчестер Јунајтед засега не излегува со официјална потврда.

Ова може да биде голем хендикеп за избраниците на Оле Гунар Солскјер. Токму на последниот меч со Брајтон, Фернандеш даде два гола, а Погба имаше една асистенција. Поради повреди следниот дуел со Бурнмут ќе го пропуштат Фил Џонс и Аксел Туанзебе.