Мајорка вечерва гостува na „Ванда Метрополитано“ кај Алтетико Мадрид. За прв пат Александар Трајковски се најде во стартните 11 за Мајорка во натпревар од шпанскиот шампионат, односно Ла Лигата.

До сега Трајковски беше стартер само на два меча од Купот на Шпанија, а никогаш во Ла Лига. Ете, дојде и тој момент Трајковски, конечно, да биде стартер.

Инаку ова е трет меч во серија како добива шанса, и штета што на крајот од сезоната се наметнува во тимот. За Мајорка ова е еден од важните мечеви во битката за опстанокот.