Леванте ќе биде хендикепиран со отсуството на еден од своите најдобри играчи Енис Барди. Македонецот нема да игра против Реал Сосиедад во понеделник, поради пет жолти картони.

На дуелот со Ваљадолид, Барди доби жолт картон, што беше за него петти во сезоната, со што ќе мора да паузира на следниот меч.

Играчот од средниот ред е еден од движечката сила на тимот од Валенсија оваа сезона. Затоа за него има интерес од голем број клубови, и многу веројатно дека ќе си замине по завршувањето на сезоната и тоа за добра сума и во поголем клуб.