Кој е Жан Кастекс, новиот премиер на Франција?

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е Жан Кастекс, новиот премиер на Франција?

Жан Кастекс, кого претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го именуваше за нов премиер, не е познат во јавноста, но и не е без искуство во спроведување на јавните функции, наведуваат светските медиуми.

Овој 55-годишен претставник на Републиканската партија бил на должност градоначалник на местото Прад на југозападот на Франција кога постанал координатор на националната стратегија за укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со корна вирус, а таа работа ја завршил успешно.

На овогодинешните општински избори уште еден градоначалнички мандат освои уште во првиот круг.

Претходно, исто така ја извршувал должноста советник на поранешниот претседател Никола Саркози за социјални прашања, што подразбирало и учество во преговорите со синдикатите, за потоа да ја преземе високата функција во претседателската адинистрација на Саркози, а исто така бил и шеф на кабинетот на министерот за здравство во тогашната влада.

Пред тоа, бил на должност координатор на француската стратегија за организација на Летните олимписки игри во Париз 2024 година.

БиБиСи потсетува дека француската влада падна денеска бидејќи досегашниот премиер Едуар Филип рано утринава ја врачи оставката на нејзините членови, кој претседателот ги прифати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата