Експерти: Корона вирусот клетките ги претвора во зомби

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експерти: Корона вирусот клетките ги претвора во зомби

Коронавирус човековите ќелии ги претвора во зомби така што потикнува да пуштаат пипци, филоподи, со кои вирусот лесно се шири во телото на заразениот, тврдат автори на неодамна објавена студија од Универзитет во Калифорнија, пренесува Универзитетскиот веб форум.

На фотографиите под микроскопот се гледат како заразените келии развиваат филоподи, ќелиски пипци кои се исполнети со вирусна течност. Научниците тврдат дека вирусот преку филоподи се движи низ телото до здравите ќелии и од нив создава нови “зомби ќелии“.

Се досега научниците верувале дека Ковид-10 се пренесува како и другите вируси, односно дека ги напаѓа здравите ќелии и ги претвора во машина за копирање.

Ова откритие наведува на злочуден закличок, а тоа е дека ковид развил “резервен план“ за реагирање на имунолошкиот одговор на човекот.

Ниван Кроган, професор по клетки и молекуларна фармакологија при Универзитетот во Калифорнија оценил дека злокобната особина на вирусот е користење алтернативни начини да се заразат други ќелии, но верува дека ова откритие ќе допринесе за брз и ефикасен начин во борба против коронавирус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата