Еве го одговорот ДАЛИ КОМАРЦИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕНЕСАТ КОРОНАВИРУС

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве го одговорот ДАЛИ КОМАРЦИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕНЕСАТ КОРОНАВИРУС

Имунологот и член на српскиот медицински Кризен штаб, д-р Срѓа Јанковиќ, даде одговор на прашањето кое многумина ги интересира. Тој за време на неговото гостување во ТВ Прва беше прашан дали комарците може да ја шират заразата со корона вирус.

- Колку што е познато- Не. Една од причините е затоа што периодот на заразноста е краток кај лицата кои се инфицирани со корона. Покрај тоа, природата на вирусот е таква што тие не се пренесуваат со тоа што комарец или крлеж ќе се инфицира со вирусот, вели имунологот.

Уште пред два месеци, челниците на Светската здравствена организација објавија:

- До денеска нема информации ниту докази кои би укажале на тоа дека новиот корона вирус може да биде пренесен од комарци. Новиот корона вирус е респираторен вирус кој се шири првенствено преку капки, кои настануваат кога заразено лице кашла или кива, или капки плунка и секрет од носот, соопштија тогаш од СЗО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата