Членови на озлогласена индиска банда од заседа убиле осум полицајци

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Членови на озлогласена индиска банда од заседа убиле осум полицајци

Банда на озлогласени криминалци утрово уби осум полицајци од заседа и рани уште пет други крај село во близина на Канпур, во сојузната индиска држава Утар Прадеш.

Бандитите успеале да избегаат пред да пристигне полициско засилување.

Утар Прадеш, со население од 230 милиони, е една од најсиромашните индиски држави, но исто така и најнестабилната, со висок степен на сериозни злосторства – вооружени грабежи, киднапирање, силување и убиства.

Утрово полицијата се обиде да го уапси Викас Дубеј, главниот осомничен за десетици крвави злосторства.

Тој е обвинет, меѓу другото, за 60 убиства, бројни вооружени грабежи и киднапирања.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата