Македонија се уште со црна статистика - ЕВЕ КОИ МЕСТА СЕ НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

3.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија се уште со црна статистика - ЕВЕ КОИ МЕСТА СЕ НАЈЗАГРОЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. Регистрирани се и 150 оздравени пациенти, и од нив најголем дел – 105 од Скопје. Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита, да носат покривка на устата и носот, да држат растојание и често да мијат раце. Тоа, велат е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.

Наголем број од пациентите починале во болницата „8 Септември“ каде починале девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст 64, 73 и 80 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести најави дека денеска на состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји

Комисијата за заразни болести, посочија оттаму, активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

По градови состојбата на со коронавирусот е следната

Скопје 3208, активни 2010

•       Куманово 769, активни 219

•       Дебар 102, активни 50

•       Штип 355, активни 161

•       Прилеп 269, активни 43

•       Тетово 723, активни 389

•       Струга 242, активни 145

•       Велес 189, активни 42

•       Битола 54, активни 20

•       Охрид 180, активни 151

•       Кавадарци 21, активни 15

•       Гостивар 129, активни 70

 

•       Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

•       Струмица 16, активни 10

•       Крива Паланка 15, активни 9

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 7, активни 4

•       Кочани 73, активни 21

•       Пробиштип 20, активни 11

•       Демир Хисар 2, активни 1

•       Македонски Брод 5, активни 3

•       Пехчево 6, активни 3

•      Берово 3, активни 1

•       Валандово 7, активни 3

•       Виница 3, активни 0

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 4, активни 1

•       Свети Николе 36, активни 32

•       Кичево 38, активни 32

•       Ресен 111, активни 97

•       Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

•       Чаир – 422

•       Аеродром - 154

•       Бутел - 162

•       Гази Баба - 177

•       Центар – 141

•       Карпош – 160

•       Сарај – 155

•       Кисела Вода – 114

•       Ѓорче Петров – 110

•       Студеничани – 110

•       Шуто Оризари – 88

•       Арачиново – 51

•       Илинден – 32

•       Петровец – 17

•       Чучер Сандево – 20

•       Сопиште – 13

•       Зелениково-4

•       Странец – 2

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата