Ниту тренерската смена не донесе подобри ветришта во тимот на Валенсија. Тие синоќа беа поразени од тимот на Атлетик Билбао на домашен терен со 0:2, а тимот од „Местаља“ никако да ја најде вистинската форма.

Згора на тоа тимот до крајот на сезоната ќе се соочи со дополнителен проблем. А тоа е отсуството на главниот „шпиц“ Родриго Морено кој ги повреди лигаментите и ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Тоа е дополнителен удар за тимот од Валенсија во битката за излез во Европа идната сезона.