Од денеска официјално екипата на Струга Трим Лум ги стартуваше подготовките. Тренерот Срѓан Захариевски, кој во наредната сезона ќе ги води стружани, најпрво изврши прозивка а потоа и означи старт на летните подготовки. Да споменеме дека, барем засега, Бесир Рамадани, младиот стопер кој играше за Шкупи, Гостивар, Генч Калемлер, е единственото ново име во редовите на Струга Трим Лум. Да кажеме дека стружани си го вратија Арион Зиба од Лабуништа. Од друга страна од Струга официјално си заминаа Емран Рамадани, Валентин Кочоски, Христијан Кировски, Арбен Тафа. Нови договори потпишаа Фљамур Таири и Клисман Цаке, останува и Дејан Цветаноски. Од клубот велат дека се разговара со повеќе квалитетни имиња и во секој момент се очекува нивна промоција како нови играчи на Струга Трим Лум.

Кога сме кај тренерот Срѓан Захариевски да споменеме дека тој во Струга Трим Лум дојде во март, но немаше среќа да го води тимот барем на еден натпревар со оглед на тоа дека првенството беше прекинато поради коронакризата, за да во јуни одлучено беше истото да не продолжи.