Кире Лазаров најави: ДОГОДИНА ЈА ЗАВРШУВАМ КАРИЕРАТА!

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кире Лазаров најави: ДОГОДИНА ЈА ЗАВРШУВАМ КАРИЕРАТА!

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, следната сезона ќе биде негова последна на ракометните терени и во Лигата на шампионите.

По една година пауза, со францускиот тим Нант тој се врати во елитното натпреварување и ќе има шанса да го зголеми бројот на постигнати погодоци, кои досега се 1.332.

Во интервју за хрватските медиуми, Лазаров откри дека следната сезона ќе биде негова последна во кариерата.

Кога веќе играм за Нант, ќе играм и за македонската репрезентацијата. Мислам дека следната сезона ќе биде моја последна во кариерата. Нема повеќе смисла, но ќе останам во спортот како тренер. Којзнае, можеби за десетина година ќе седнам на клупата на Загреб, клуб што ми даде многу во мојата кариера“, вели Лазаров за „Вечерњи Лист“.

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе биде 22. во кариерата на македонскиот ас, а сигурно уште долго време ќе го држи рекордот за најмногу постигнати голови во елитата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата