Поранешниот напаѓач на Барселона и француската репрезентација Криштоф Дугари даде шокантен коментар за ситуацијата во Барселона и односот меѓу ѕвездите Антоан Гризман и Лионел Меси.

Од кого се плаши Гризман? Од човече од метар и половина со аутизам? Во еден момент мислам дека треба да покаже мадиња и да има свој категоричен став. Веќе една година тој има проблем со Меси. Треба да му удри шлаканица. Гризман ја губи топката и игра плашливо. Тој треба да зборува со Меси и да го реши проблемот. Не може да се плаши од него и тоа да влијае на неговата игра“, изјави Дугари.

А Кике Сетиен? Тој е добар човек, но не е на потребното ниво за тренер на Барса. Не знаеше кого да го замени. Го извади Бускетс во 85 минута, а го стави Ансу Фати, а Гризман влезе во 90. минута. Просто тој не знае како да го натера тимот да игра, истоштен е. Убеден сум дека нема ништо против Гризман, туку просто е истоштен и веќе нема идеи“, вели Дугари во интервју за РМЦ Спорт.