ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ за време на тропските горештини

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ за време на тропските горештини

Реакцијата на телото на покачени температури е да се намали телесната температура со потење. Како негативен ефект на одбранбениот механизам, може да се појави дехидрација на организмот и други несакани ефекти.

Неправилната исхрана го зголемува потењето на телото и со тоа зголемено губење на течности во телото, минерали и некои витамини. Варењето на тешка храна бара поголема метаболичка активност, што индиректно ја зголемува телесната температура.

Во лето, генерално, треба да трошиме помалку калории, т.е. енергија што ја добиваме од храната, што е дополнителна причина да се избегне масна и тешка за варење храна во лето.

Храна како што се:

- многу зачинети јадења

- печена, пржена и похована  храна

- масно месо и производи од месо

- пијалоци со кофеин

- слатки

- газирини засладени пијалоци

- преладени пијалоци

Масната и тешката храна ја отежнува циркулацијата, па затоа е неопходно да се намали потрошувачката на храна што тешко се вари со зголемувањето на температурата на воздухот.

Наместо течности, може да се консумира сезонско овошје и зеленчук, а најдобриот избор е зелена салата, домат, краставица, лубеница, диња и јаболка. Овие намирници во просек содржат повеќе од 80 проценти вода и пропорционална количина на минерали, така што тие служат како вкусен извор на вода, но и минерали, кои се губат со испарување или потење.

Корисно е да се консумира храна како мешунки, семиња, нерафинирани масла, особено маслиново масло и мали количини риба и морска храна, кои ќе го хранат организмот со квалитетни хранливи материи.

Ваквата исхрана има и друга придобивка а тоа е дека може да ви помогне во регулирање на телесната тежина!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата