РОМАНА ДОЛЖЕЛА НА ЛИХВАРИ па побегнала во Австралија и почнала да ограбува

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РОМАНА ДОЛЖЕЛА НА ЛИХВАРИ па побегнала во Австралија и почнала да ограбува

Откако босанската пејачка Романа е уапсена во Австралија под сомнение дека со нејзиниот дечко Филип поставивале уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн и така краделе пари, медиумите од регионот споделуваат нови шокантни детали за нејзината лоша финансиска ситуација.

Романа паднала во долгови кога пред две години позајмила 50.000 евра од лихвари за да купи стан во белградската населба Вождавац, пишува српски „Информер“. Беспомошно се обидувала да собере пари, да го врати долгот со голема лихварска камата.

Мислела дека ќе може да одвојува од хонорарите од тезгите, но на естрадата се појавиле помлади и поинтересни пејачки, па Романа речиси останала без работа. Тогаш одлучила да избега од Србија!

Од Италија, преку Париз, Мајами до Австралија, каде што беше и уапсена за кражба од банкомати. Осудена е експресно на една година затвор кој ќе го издржува во Австралија. По издржувањето на казната Романа ќе биде депортирана во Србија или во Босна и Херцеговина, со строга забрана за влез во Австралија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата