Луд меч со пет голови помеѓу Вест Хем и Челзи. Интересни моменти, интересни голови и победа на „чеканите“ после три кола без триумф и три бода за бегство од дното. Челзи си го загрози местото за Лигата на шампионите затоа што два бода помалку имаат Манчестер Јунајтед односно Вулверхемптон зад него.

Во 34 минута поради офсајд голот на Соучек беше поништен, а набргу потоа Челзи дојде во водство преку Вилијан од пенал. Сепак, Соучек ја затресе мрежата за 1:1. На почетокот на второто полувреме Антонио донесе водство на Вест Хем, но во 72 минута изедначи Вилијан од слободен удар.

Играчите на Вест Хем се израдуваа, но ВАР ги „олади“ (видео)

А во 90 минута после брз контра напад на домашниот тим, украинскиот репрезентативец Андреј Јармоленко го совлада Кепа за конечни 3:2.