Серџо Флокари, напаѓачот на СПАЛ кој има 38 години вечерва го постигна можеби голот на кариерата. Неговиот тим поведе против „росонерите“ со 2:0, а вториот погодок беше токму на ветеранот.
Тој прими топка на околу 30 метри и со полуволеј го совлада гостинскиот голман Донарума.
Флокари играше за многу клубови во кариерата, а во моментов е најстариот напаѓач во Серија А, но тоа не му смета да дава голови. Вечерашниот долго ќе го памти.