Во финалето на Купот на Данска денеска играа Алборг и Сондерјиске, а истото беше прекинато при водство на Сондерјиске од 2:0. Во еден момент судијата го прекина мечот, а причината е што навивачите не ги почитувале мерките за социјално дистанцирање на трибините.

Во Данска е дозволено одреден број на навивачи, но тие мора да ги почитуваат здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19. Во првото полувреме судијата забележал дека навивачите не го почитуваат тоа и морал да реагира.

Дел од навивачите беа избркани од стадионот, па дури тогаш мечот продолжи.

Сондерјиске го освои пехарот после победата од 2:0 со головите на Јакобсен.