Интер без проблеми ја преслуша Бреша и ги задржа и онака малите шанси за „Скудетото“ во најсилната италијанска лига. Вечерва на „Џузепе Меаца“ момците на Антонио Конте ја изрешетаа мрежата на последнопласираната Бреша со резултат 6:0 што е најубедлива победа над овој противник.

Во првото полувреме Ешли Јанг, Санчез (пенал) и Дамброзио ја тресеа мрежата на гостите, а во вториот дел Гаљардини, Ериксен и Кандрева го дотолчија противникот.

Во другиот меч кој почна во исто време Болоња и Каљари одиграа 1:1. Бароу донесе водство на Болоња пред крајот на првото полувреме, а само што почна второто Џовани Симеоне изедначи.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore