Валенсија направи тренерска рокада, на клупата по кој знае кој пат седна искусниот Воро да го гасне „пожарот“ но ни тој не е семоќен. Колку и да е искусен не може преку ноќ да ги сврти работите кон подобро. Вечерва во рамките на Ла Лига „лилјаците“ изгубија на свој терен од Атлетик Билбао со 0:2 и го губат чекорот за место барем во Лига Европа. Со оваа победа на позиција 7, која води во квалификациите за ЛЕ, скокна токму Атлетик.
Двоен стрелец беше Раул Гарсија. Посебно беше убав вториот гол кога распали од далечина во мрежата на немоќниот Силесен.
Инаку ова е прва победа на Билбао на „Местаља“ после февруари 2016 година.

А и Гранада е на иста позиција во Валенсија во трка за место во Европа. Тие го победија Алавес во гости со 2:0 со головите на Антомин и Роберто Солдадо.
Селта го запиша четвртиот пораз по ред во Ла Лига, а Гранада ја прекина серијата од четири меча без победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore