КУКАВИЦА стана хит иако сите бегаа од неа, НО НЕ И ЦЕЦА КОЈА ЈА ПРОСЛАВИ

1.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КУКАВИЦА стана хит иако сите бегаа од неа, НО НЕ И ЦЕЦА КОЈА ЈА ПРОСЛАВИ

Цеца Ражнатовиќ веќе три децении е една од најдобрите балкаснки пејачки која зад себе има голем број хитови. Песната „Кукавица“ се рангира меѓу апсолутните балкански евергрини, официјалниот видео клип на Јутјуб е прегледан над 16 милиони пати! и е една од најбараните песни на сите прослави.

Пред неколку години, Цеца за локалните медиуми изјави дека песната „Кукавица“ е креирана благодарение на Марина Туцаковиќ и нејзинот партнер Фута, и дека многу пејачи ја одбиле таа песна, па Марина ја замолија да ја слушне:
 
- Кога ги слушнав првите стихови од песната веднаш им реков дека е текстот е лудница, како е напишана за мене и тоа е она што ми треба. Марина го слуша тоа од кујната и се чудеше: „Невозможно е да ти се допаѓа ова“. Фута го направи аранжманот следниот ден, и следниот ден јас ја испеав песна уште од прв обид, а таа стана комплетно ремек дело - рече Цеца пред неколку години во една емисија.

 Не знаеме дали песната е посветена на никого, но она што можеме да го потврдиме со сигурност е дека песната „Кукавица“ повеќе од петнаесет години е хит на сите забави и во кафеаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата