Доктор Дре се разведува по 24 години брак

1.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доктор Дре се разведува по 24 години брак

По 24 години брак се разведуваат познатиот музичар Доктор Дре и неговата сопруга Никол Јанг.

ТМЗ пишува дека Јанг поднела барање за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за раскинот.

View this post on Instagram

I love my daughter’s shirt

A post shared by Dr. Dre (@drdre) on

Хип-хоп музичарот се ожени со Никол Јанг на 25 мај 1996 година. Тие имаат две возрасни деца, син Трус и ќерка Трули, што значи дека ниту музичарот, ниту неговата наскоро поранешна сопруга не треба да плаќаат алиментација.

Според „Форбс“, богатството на Дре се проценува на 800 милиони долари.

Според американскиот таблоид, Никол бара издршка од сопругот.

Пред нејзиниот брак со музичарот, таа беше во брак со НБА-играчот Седал Трит.

Јанг е адвокатка, а во разводот ја претставува моќната адвокатка за разводи на славните, Саманта Спектор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата