Валентин Кочоски, досегашниот фудбалер на Струга Трим Лум е ново име во редовите на Пелистер. Иако Кочоски беше нуден на Вардар, иако имаше и разговори, се чини дека Пелистер беше побрз и поконкретен и успеа да го доведе младиот играч за врска. Ова е петтото ново име во таборот на битолчани во овој летен преоден рок. Досега потпишаа Талески, Танушев, Илиески и Пејаковиќ.

Јасно е дека Пелистер во новата сезона во Првата лига ќе влезе и тоа како засилен.

Инаку Кочоски досега, покрај Струга Трим Лум, настапувал и за Беласица, Академија Пандев, Турново, Шкупи.