ОВОЈ СВЕТ ПОЛУДЕ, НЕ Е ВЕЌЕ ЗА НАС. Маж остана ТРУДЕН и РОДИ ДЕТЕ

7.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВОЈ СВЕТ ПОЛУДЕ, НЕ Е ВЕЌЕ ЗА НАС. Маж остана ТРУДЕН и РОДИ ДЕТЕ

Вајли Симпсон (28) од Тексас останал бремен и го родил синот Рован. Да, мажот кој бил роден како девојче добил дете.

Наводно  Вајли е роден како девојчето Витни кое отсекогаш знаело дека сака да биде машко, а кога наполнила 21 година започнала да се забавува со 28-годишниот Стивен Гет. 

Иако земал тестостерон и ги отстранил градите со операција, Вајли останал бремен. Вајли и Стивен во 2018 година го добиле синот Рован кој на свет дошол со царски рез. Неодамна, нивниот син наполнил шест месеци, a Вајли сега решил да ја сподели својата приказна за бременоста со светот.

“Започнав да земам тестостерон во 2012 година. Наредната година ги отстранив градите, а планирам операција во која ќе ја отстранам вагината и ќе добијам пенис. Во периодот кога започнав да излегувам со Стивен, со години немав менструација. Лекарите ми говореа дека нема никакви теории да забременам, но токму тоа се случи. Стивен и јас не планиравме деца па сето тоа беше дополнителен шок, но решивме да го задржиме детето. Сега ми е драго што го одлучивме тоа, но дефинитивно никогаш повторно не би поминал низ истото. Целата бременост беше страшно напорна и тешка, особено за мојата психа”, раскажал Вајли, додавајќи дека на улица постојано трпел вербални и физички напади и дека сите минувачи го навредувале.

“Не можете ни да ја замислите стигмата која го опкружува бремениот маж. Покрај сето тоа ми беше емотивно тешко бидејќи, по толкав труд и операции за да станам маж, повторно имав огромен потсетник дека и понатаму сум жена”, бил искрен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата