Претставен Honor Tab 5 со 8-инчен екран и 5100mAh батерија (ВИДЕО)

7.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставен Honor Tab 5 со 8-инчен екран и 5100mAh батерија (ВИДЕО)

Honor претстави ноив буџетски лаптоп, под името Honor Tab 5. Таблетот има 8-инчен дисплеј со Full HD резолуција (1920 x 1200p), а го покренува Kirin 710 CPU. Дизајнот на таблетот е пријатен, а се состои од метален заден дел со пластични бампери.

Предната камера е сместена над дисплејот, а има 8 MP сензор со фиксен фокус. На задната страна се наоѓа 8 MP камера со автофокус. Таблетот има и два звучника, кои се оптимално сместени во горниот дел и во дното на уредот.

 

 

Останатите карактеристики на таблетот се GPU Turbo 2.0 поддршка за подобрени гејминг перформанси, 3GB или 4GB RAM и 32GB или 64GB простор за складирање. Интерната меморија е можно да се прошири до 512 GB преку microSD slot. Honor Tab 5 го напојува 5100mAh батерија.

Honor Tab 5 е моментно достапен само во Кина, но се очекува и глобална достапност на уредот. Таблетот се продава по почетна цена од околу 165 долари за Wi-Fi и околу 210 долари за целулар варијанта.

 

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата