МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Еве кого го очекуваат големи предизвици, а кого неизвесност

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Еве кого го очекуваат големи предизвици, а кого неизвесност

ОВЕН

Работа: Очекувајте компликации во комуникација, со документи и сл. Желбите и реалноста не се совпаѓаат во овој период. Ќе бидете уморни и ќе ви недостига концентрација.

Љубов: Ќе се соочувате со проблеми. Првата недела од месецот ќе биде критична и битна, или ќе продолжите со големи промени во односот или ќе раскинете со партнерот. Имате потреба за интима. Ако не сте во врска, ова ќе биде тежок период за вас. Поголем дел од времето ќе го поминувате со пријателите и со семејството. Барате сензуален и емотивен партнер кој може да ги поддржи вашите потреби и желби.

Здравје: Стрес и нервоза.

БИК

Работа: Нагли промени, ризични ситуации ќе ве следат речиси цел месец. Обрнете внимание на трошоците, бидејќи приходот може да ви се намали.

Љубов: Ќе ја подигнете врската на следно ниво или ќе раскинете. Потребни ви се мир и рамнотежа во животот, како и релаксирачка комуникација со партнерот. Ако не сте во врска ќе поминувате многу време во разговори на телефон, интернет или лице во лице со личноста која ви се допаѓа. Сепак, ќе се чувствувате нестабилно и збунето.

Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Период на комуникација, анализа, документација. Бидете отворени за промени кои се случуваат одеднаш.

Љубов: Осамените ќе бараат стабилна и цврста врска. Ќе бидете темпераментни и нервозни. Фокусирајте се на своите мисли, бидејќи партнерот може погрешно да ве разбере. Треба да бидете свесни дека секоја внатрешна акција може да донесе одредена реакција, без оглед на тоа кој е во право, вие или вашиот партнер. Бидете мудри и трпеливи.

Здравје: Проблеми со рамнотежа, нозе или раце

РАК

Работа: Поволен месец за сите финансии. Харизматични сте и добро се снаоѓате во работната средина.

Љубов: Сериозно го разгледувате вашиот однос, особено ако до сега сте имале несогласувања со партнерот. Се чувствувате несакано. Слободните ракови ќе бараат нова сродна душа. Сепак, нема ви биде лесно, бидејќи често ги повторувате грешките од претходните односи. Можни се несогласувања и погрешни заклучоци. Најдете начин да ги смирите вашите страсти.

Здравје: Проблеми со крвна слика.

ЛАВ

Работа: Не сте сигурни што сакате, но се’ зависи од вас. Прва половина на месецот ќе биде поволна за вашата финансиска состојба. Сепак ќе мора да вложите многу напор да стигнете до целта.

Љубов: Ќе бидете концентрирани на се’ друго освен на љубовта. Давате приоритет на други обврски. Можни се недоразбирања со членовите на семејството. Емоциите ќе ги задржувате во себе, што ќе биде проблематично за вашата врска. Слободните лавови овој месец ќе сакаат да останат слободни.

Здравје: Добро.

ДЕВИЦА

Работа: Фокусирајте се на најбитните обврски. Ве очекуваат патувања, договори и нови обврски. Бидете флексибилни.

Љубов: Имате потреба од контрола на емотивен план. Ќе запознаете интересна личност преку пријател, но не треба да брзате со анализа и заклучоци. Имате потреба од поголема стабилност. Сакате мир, хармонија и нежност, а ќе барате и таков партнер. Доколку сте во врска, овој месец нема да имате многу проблеми.

Здравје: Проблеми со концентрација и замор.

ВАГА

Работа: Доколку сакате да го проширите својот бизнис почекајте некое друго време. Концентрирајте се на старите проекти за кои имате повеќе шанса да ги завршите.

Љубов: Првите 10 дена од месецот ќе бидете збунети на емотивниот план. Можеби ќе мора да бирате помеѓу партнерот и кариерата. Исто така се можни и романтични односи помеѓу вас и колеги од работа. Ако сте во врска, концентрирајте се на партнерот и обидете се да ги решите сите проблеми и да ја стабилизирате врската.

Здравје: Алергија.

ШКОРПИЈА

Работа: Проблеми со финансии, кредити, документација. Внимавајте на грешките. Искоритете ја средината на месецот и обидете се да ја превземете ситуацијата во свои раце.

Љубов: Имате шанса да влезете во нова врска или да постигнете рамнотежа, преку компромис, во сегашната врска. Секој ваш потег ќе зависи од партнеровата иницијатива. Слободните шкорпии ќе бидат подготвени и да патуваат поради личноста која им се допаѓа.

Здравје: Замор и нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Од големо значење ќе биде вашата врска со соработниците, колегите и шефовите. Можни се проблеми поради вашите невнимателни реакции.

Љубов: Ве очекуваат проблеми од минато со кои треба да се соочите. Имате силна интуиција која треба да ја искористите на вистинскиот начин. Можни се кардинални грешки во сегашниот однос. Бидете внимателни.

Здравје: Проблеми со забите.

ЈАРЕЦ

Работа: Нови партнерства. Ве очекува напорен период полн со ситуации кои од вас ќе бараат брзи реакции и одлуки.

Љубов: Овој месец е создаден за љубов, страст, сензибилност, магнетизам и шарм. Доколку сте слободни ве очекува нова врска, а доколку сте во врска, зајакнување на истата. Ќе бидете повеќе опуштени и нема да се плашите од ништо. Ќе дознавате нови работи поврзани со вашиот партнер.

Здравје: Повреди на рацете.

ВОДОЛИЈА

Работа: На професионалниот план ќе настапат значајни промени. Ве очекуваат добри работни односи со колегите.

Љубов: Желба за авантура. Ќе вложувате многу енергија да ги контролирате вашите емоции. Комуникација може да биде комплицирана и тешка. Не донесувајте избрзани одлуки. Доколку сте во врска можни се проблеми со партнерот кои ќе се решат само доколку сте блиски.

Здравје: Одлично.

РИБИ

Работа: Моменталната ситуација не е многу добра. Но, комуникација со луѓе и соработка може да донесе нови решенија кон крајот на месецот. Имајте трпение.

Љубов: Ако сте во врска ве очекува добар и стабилен период. Ќе се разбирате со партнерот и ќе ја зајакнете врската. Доколку не сте во врска ќе запознаете личност која ќе ве разбира на сите нивоа. Сепак, можни се и компликации. Пазете се од погрешни одлуки.

Здравје: Несоница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата