Шпанскиот прволигаш Валенсија му врачи отказ на тренерот Алберт Селадес. Причините се јавни, слаби резултати кои го турнаа тимот дури на осмото место или надвор од позициите кои водат во европските купови. Екипата има осум бодови помалку од четвртото место или последно кое води во Лигата на шампионите, а доцни и за местата во Лига Европа.

Раководството одлучи да направи промена и се надева дека оваа шок-терапија ќе делува позитивно и ќе се спаси што може да се спаси оваа сезона. А кормилото го презема Воро Гонзалез кој ќе работи до крајот на сезоната.