Кипарскиот прволигаш АЕК од Ларнака денеска го претстави своето ново засилување, македонскиот интернационалец Стефан Спировски. Двете страни се договорија за двегодишна соработка.

Среќен сум и задоволен. Ќе дадам се од себе навивачите и сите во клубот да бидат среќни“, изјави македонскиот репрезентативец.

Така поранешниот фудбалер на Пелистер и Вардар ќе игра во петтиот странски клуб во кариерата. Да потсетиме беше во Борац Чачак, во бугарскиот Берое, унгарски Ференцварош, една сезона во израелскиот Хапоел Тел Авив, а сега ќе ја гради кариерата на Кипар.

Во АЕК ќе им се придружи на сонародниците Даниел Мојсов и Иван Тричковски.